Тинејџерот (15), кој уби ученик и избоде уште тројца, на сите им испратил писмо на 20 страници

24.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџерот (15), кој уби ученик и избоде уште тројца, на сите им испратил писмо на 20 страници

Нападот се случил во приватно средно училиште, во кое учел осомничениот. Според досегашните информации, тој малку по пладне влегол во училиштето вооружен со нож и влегол во две училници каде избодел најмалку четворица ученици. Една од жртвите, наводно девојче, им подлегнала на повредите, додека лекарите се борат за животот на уште еден ученик. Останатите двајца се тешко повредени, но нивните животи не се во животна опасност.

Според француските медиуми, пред нападот, осомничениот испратил писмо до целото училиште преку заедничка електронска пошта, напишано на речиси 20 страници, во кое наводно зборувал за ситуацијата во општеството. BFMTV, која имала пристап до е-поштата, вели дека писмото е многу збунувачки.

Учениците во училиштето каде се случил нападот изјавија дека осомничениот од почетокот на годината се однесувал чудно.

Се уште не е познат мотивот за овој страшен напад, кој ја потресе цела Европа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата