Тинејџерка барала ПЛАТЕН УБИЕЦ ДА УБИЕ 7 ГОДИШНО ДЕТЕ, ама паднала во замката на полицијата од Ајова

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџерка барала ПЛАТЕН УБИЕЦ ДА УБИЕ 7 ГОДИШНО ДЕТЕ, ама паднала во замката на полицијата од Ајова

Тинејџерка на возраст од 17 години од Ајова е уапсена и обвинета за наводен обид да ангажира платен убиец за да убие седумгодишно дете, соопштија локалните власти, пренесува NBC News.

Таа е обвинета за барање за убиство, откако наводно ги доставила личните податоци на детето, вклучително име, адреса и каде се наоѓа на веб-страницата Rent-a-Hitman. (Изнајми убиец).

Полицијата на 2 јуни околу полноќ добила дојава дека некој двапати го посетил местото за да нареди убиство на седумгодишно дете, објави „Мирор“.

Администраторот на страницата ја препратил информацијата до полициската управа. Полицијата цела ноќ работела на идентификување на осомничениот и целта. Следниот ден, полицаец тајно стапил во контакт со неа преправајќи се дека е професионален убиец, потврдувајќи дека тинејџерката сакала да го убие седумгодишното дете.

Околу 15 часот и 30 минути тој ден, полицијата ја уапсила тинејџерката и зела податоци од нејзиниот мобилен телефон, поради што властите веруваат дека постои сериозна закана за детето.

Тинејџерката добила кривична пријава и предадена на суд за малолетници и моментално е во притвор.

Детето и неговото семејство не биле повредени и не биле свесни за потенцијалната закана, додаваат властите.

Сајтот „Rent-a-Hitman“ е пародија, со лажни сведоштва, тврдења, па дури и апликации за ангажирање професионален платен убиец. Создаден е во 2005 година за да се промовира стартап компанија за сајбер безбедност која никогаш не започнала.

Вистинските тврдења објавени на страницата довеле до апсење на најмалку едно лице, кога 21-годишен војник од Тенеси бил обвинет по федерално обвинение и ФБИ изјавиле дека тој ја користел страницата за да пронајде професионален убиец.

Иако „Rent-a-Hitman“ е лажен сајт, постојат слични страници на Dark Web кои тврдат дека нудат такви „услуги“.

Минатиот месец федералните власти во градот Ноксвил поднеле кривична пријава, обвинувајќи ја една жена дека се обидела да изнајми платен убиец да ја убие сопругата на мажот што го запознала на страница за запознавање.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата