„Телеграф“: Белата куќа очекува договор со Велика Британија во рок од три недели

17.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Телеграф“: Белата куќа очекува договор со Велика Британија во рок од три недели

Извор запознаен со ситуацијата рече дека Лондон има добра позиција за брзо склучување договор.

Ова доаѓа еден ден откако американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс предвиде дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе постигне „одличен“ трговски договор со Велика Британија поради неговата „културна блискост“ со таа земја.

На Велика Британија и беа воведени царини од 10 отсто за речиси сите стоки увезени во САД по потегот на Трамп за ресетирање на глобалната трговија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата