Татко си ја уби 18- годишната ќерка на улица, зашто на мајка си ѝ открила тајна (ВИДЕО)

7.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко си ја уби 18- годишната ќерка на улица, зашто на мајка си ѝ открила тајна (ВИДЕО)

Бруталниот злостор се случил во градот Исламшахр, а жртвата е идентификувана како Фатеме Солтани (18).

Безбедносна камера го забележала моментот на бруталното убиство, кога татко ја нападнал својата ќерка со нож и ја избодел неколку пати, објави Дејли Меил.

Според локалните медиуми, Фатеме работела во фризерскиот салон тајно од своето семејство бидејќи се плашела од реакцијата на нејзиниот татко.

Сепак, таткото успеал да го најде нејзиното работно место закажувајќи состанок преку бројот наведен на Инстаграм страницата на нејзината компанија.

Кога Фатеме дознала дека нејзиниот татко закажал состанок, наводно од страв ѝ се јавила на мајка си и ѝ кажала сè, но таа немала време да реагира. Според медиумските извештаи, девојчето било убиено на прагот од салонот, а на ужасните снимки се гледа како нејзиниот татко скока од автомобилот, ја влече по подот, клекнува над неа и ја прободува неколку пати.

Ужасното злосторство се случило додека минувачите гледале во шок. Таткото наводно застанал дури кога еден минувач почнал да вреска.

„Фатмех живееше одвоено од својот татко и семејството веќе некое време поради семејно насилство и беше финансиски независна“, рече нејзината пријателка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата