На видеото кое се прошири на социјалните мрежи се гледа возачот на Uber со спуштени панталони, кој по пристигнувањето на минувач во паника ги облекол и си заминал, пренесува Скај Њуз.
Таксистот се соочил со жител на Рогдејл кој го видел надвор од куќата околу 21 часот во неделата на Велигден. Веднаш ја вклучил камерата и снимил сцена во која тропа на прозорецот, по што возачот и подигнал тренерката, а на жената клекната на задното седиште се обидел да ѝ го покрие лицето.
"Брате, што правиш? Во месец Рамазан правиш ваква работа? Ова е одвратно. Моите деца се тука", рекол човекот.
Возачот на Uber повтори дека му е жал, излегол од автомобилот, седнал на возачкото место и се оддалечил. Портпаролот на полицијата потврди дека мажот е пронајден и обвинет по прегледот на снимката.
„Мухамед Џамал е ослободен со кауција до неговото појавување во Судот на 4 мај. Обвинението се однесува на инцидент со возрасна жена во такси на улицата Темза во неделата“, рече портпаролот.
По објавувањето на видеото, Uber му забрани на возачот дополнително да превезува патници. Портпаролот на Uber изјави дека тие се ужаснати од ситуацијата и дека соработуваат со полицијата.
„Ова е навистина загрижувачка снимка и неопходна е брза истрага. Заштитата на младите е најважна и оваа снимка треба дополнително да се истражи за да се увери јавноста и да се заштити оваа ранлива група“, изјави пратеникот од Лабуристичката партија Тони Лојд за MailOnline.
🇬🇧 Un conductor de Uber llamado 'Mohamed Jamal', fue sorprendido drogando y violando a una chica en Manchester y quedó en libertad bajo fianza.
— Invadidos (@invadidos_com) August 8, 2024
La nueva normalidad del Reino Unido y de Europa. pic.twitter.com/eeErucMou2
Uber се обидува да ја подобри својата репутација откако во 2018 година се појави дека повеќе од 2.500 возачи се под истрага за сомнителни кривични дела, вклучително и сексуално вознемирување, следење и опасно возење. Uber тогаш вети дека ќе направи голем број промени, вклучувајќи ограничување на бројот на часови, 24/7 телефонска поддршка за патниците и возачите и пријавување сериозни инциденти во полицијата на Манчестер.