Тајланд постигна договор со Иран за безбеден премин низ Ормутскиот теснец

28.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајланд постигна договор со Иран за безбеден премин низ Ормутскиот теснец

- Постигнат е договор кој ќе овозможи безбеден премин на тајландските танкери, со што ќе се намалат грижите за снабдувањето со гориво - изјави тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул.

Земјите од Југоисточна Азија го носат најголемиот товар од недостигот на енергенси, а во Тајланд цената на дизелот веќе порасна за 6 бати по литар, предизвикувајќи долги редици на бензинските станици.

Блокадата на Техеран доаѓа како одговор на американско-израелската кампања која трае точно еден месец. Иранската револуционерна гарда потврди дека протокот низ Ормутскиот теснец е затворен за бродови поврзани со „непријателот“.

Движењето низ овој стратешки премин, низ кој вообичаено минува 20% од светската нафта, е намалено за 95% во текот на март. Од почетокот на месецот, во овој регион биле нападнати 24 трговски бродови. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата