Најмалку 13 авиони беа уништени во Русија, а уште повеќе беа оштетени во специјална операција на Безбедносната служба на Украина (СБУ), објави Андриј Коваленко, раководител на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.
Коваленко ова тврдење го објави на каналот Телеграм, објави Укринформ.
На 1 јуни, Безбедносната служба на Украина спроведе специјална операција „Паукова мрежа“ во која нападна и демолира четири руски аеродроми.
Според извор од специјалните служби, во нападите биле погодени повеќе од 40 авиони, вклучувајќи А-50, Ту-95 и Ту-22 М3.
Проценките на СБУ се дека на овој начин е предизвикана штета од седум милијарди долари./МИА