Одлуката му била соопштена на персоналот ширум светот во мејл кој во петокот го проследила извршната директорка на ВФП Синди Мекејн.
- Донесовме тешка одлука да го затвориме регионалното биро за Јужна Африка во Јоханесбург, се вели во мејлот.
Веста за некои светски агенции ја потврдил и официјален претставник на ВФП но не одговорил на прашањата зошто или дали тоа има некаква врска со кратењата на американската странска помош што ги нареди Доналд Трамп.
Јужна Африка продолжува да се соочува со најголемата суша во последните години, што ги натера земјите, вклучувајќи ги Малави, Замбија, Зимбабве и Намибија да прогласат национална катастрофа.
ВФП обезбедува храна и парична помош за погодените и има за цел да допре до повеќе од 7,2 милиони луѓе до овој месец, се наведува на нејзината веб-страница. /МИА