Судот во Москва му го продолжи притворот на американскиот новинар Еван Гершкович

26.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Судот во Москва му го продолжи притворот на американскиот новинар Еван Гершкович

Гершкович, неговиот весник и американската влада ги негираат обвиненијата, кои предвидуваат казна затвор до 20 години, пренесува Ројтерс.

Тој денеска беше сослушан без присуство на јавноста, но ПР службата на московскиот суд објави фотографии и кратко видео од Гершкович во судницата, на кое тој изгледа опуштено и насмеано.

Во петок ќе се одбележи првата годишнина од апсењето на Гершкович во Екатеринбург, административниот центар на регионот Свердловск во централна Русија, а во тој период притворот на американскиот новинар неколку пати беше продолжен.

Неговото судење се уште не е одредено.

Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси минатата недела го посети 32-годишниот новинар во московскиот затвор Лефортово.

„Еван е сè уште силен и издржлив, но трагедија е што се соочува со судење за злосторство што не го извршил“, рече Трејси.

Официјален Вашингтон вети дека ќе стори „сѐ што е потребно“ за да се вратат во САД Гершкович и поранешниот маринец Пол Вилан, осудени во 2020 година на 16 години затвор за шпионажа.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Гершкович во одреден момент би можел да биде ослободен во замена за руски затвореници во странство, но таков договор досега не е постигнат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата