Стотици илјади луѓе се без струја, училиштата затворени- страшно невреме во Австралија (ВИДЕО)

9.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стотици илјади луѓе се без струја, училиштата затворени- страшно невреме во Австралија (ВИДЕО)

Според австралискиот систем за електрична енергија Engergex, околу 316.540 луѓе во југоисточниот дел на Квинсленд останале без електрична енергија, со тоа што градот Голд Куст бил најтешко погодено подрачје со повеќе од 112.000 луѓе без електрична енергија, објави Ројтерс.

Невремето вчера пристигна на брегот на Квинсленд како „тропска бура со низок интензитет“.

Најсилните удари на невремето го заобиколија главниот град на Квинсленд, но го почувствуваа жителите на јужниот дел на таа држава и жителите на Нов Јужен Велс.

Премиерот на Австралија Антони Албанез изјави денес дека „ситуацијата во Квинсленд и северниот дел на Нов Јужен Велс останува многу сериозна во врска со поплавите и силните ветрови“.

Патем, илјадници луѓе на истокот на Австралија добија наредба на 7. март да се евакуираат пред Алфред, кој донесе силен дожд, огромни ветрови и беа затворени повеќе од 1.000 училишта во тој регион. Милиони луѓе се погодени од силниот циклон, пренесуваат медиумите.

Австралискиот премиер Ентони Албанез им рече на новинарите дека 120 члена на одбраната ќе им помогнат од тимовите за итни случаи во напорите за спасување и помош. Аеродромот во Бризбејн не работи од вчера попладне, кога јавниот превоз во градот е суспендиран.

Затворени се повеќе од 1.000 училишта во Југоисточен Квинсленд и 280 во Северен Јужен Велс. Според австралиското биро за метеорологија, ветровите достигнуваат брзина од 100 километри на час во регионот Квинсленд и Нов Јужен Велс, додека на море, брзината достигнува до 200 километри на час.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата