Стејт департментот предупредува: Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата

11.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стејт департментот предупредува: Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата

Стејт департментот во апелот до Американците објави на социјалните мрежи дека меѓународните летови од Венецуела се обновени и дека има извештаи за вооружени милитантни групи кои поставуваат блокади на патиштата и пребаруваат возила за докази за американско државјанство или поддршка за САД. „Безбедносната ситуација во Венецуела останува флуидна“, се вели во соопштението, објави Си-Би-Ес.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени на почетокот на јануари во меѓународна операција предводена од САД и префрлени во притвор во Њујорк.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата