Спречен заговор за убиство на Орбан

6.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спречен заговор за убиство на Орбан

Осомничениот се регистрирал на веб-страница хостирана на странски сервер со намера да ангажира платен убиец во замена за парична награда. Во порака објавена во јули 2025 година, тој понудил плаќање во унгарски форинти или друга валута за она што го нарекол „најдобриот платен убиец“ кој би бил подготвен да го убие премиерот Орбан.

Мажот бил идентификуван и уапсен благодарение на соработката со Унгарската служба за борба против тероризмот (TEK), а откако бил приведен, го признал делото, се вели во официјално соопштение.

Надлежните институции ја продолжуваат истрагата, а безбедносните мерки околу премиерот се дополнително зајакнати. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата