Советот за безбедност на ОН ја осуди Руанда за конфликтот во источно Конго

22.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Советот за безбедност на ОН ја осуди Руанда за конфликтот во источно Конго

Во офанзивата на бунтовничката група М23 против конгоанските сили во и околу источниот град Гома загинаа илјадници луѓе и раселени се повеќе од 700.000 од почетокот на јануари, според Обединетите нации.

Советот за безбедност едногласно усвои резолуција со која ги повикува одбранбените сили на Руанда да престанат да ја поддржуваат вооружената група и веднаш да се повлечат од територијата на Конго.

Резолуцијата, која ја поднесе францускиот амбасадор Николас де Ривие, исто така ги повика ДРК и Руанда „итно да се вратат на дипломатски разговори без предуслови за да се постигне трајно и мирно решавање на долготрајниот конфликт во регионот“.

Де Ривие рече дека испраќа јасна порака дека нема воено решение за конфликтот во источниот дел на ДРК.

- Мора да се стави крај на офанзивата на М23 поддржана од Руанда, нагласи тој.

Изобилството на суровини во источно Конго е клучен фактор во тековниот конфликт. Бунтовниците М23, наводно, презеле контрола над рудниците за колтан. Реткиот метал е потребен за производство на паметни телефони, лаптопи и батерии за електрични автомобили, пренесе ДПА./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата