Сообраќајот во хаос, колапс на аеродромите - нема струја во Шпанија и Португалија (ВИДЕО)

28.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сообраќајот во хаос, колапс на аеродромите - нема струја во Шпанија и Португалија (ВИДЕО)

Прекинот на електричната енергија предизвика хаос на аеродромот во Лисабон. Илјадници патници во Португалија останаа збунети по прекинот на електричната енергија.

Снимките што кружат на интернет покажуваат голем број луѓе заробени на аеродромите, каде што се создава метеж поради дефекти на системот.

Прекинот на електричната енергија го наруши железничкиот сообраќај, а многу семафори се исто така нефункционални.

Патници се заглавени во метрото во Мадрид и Барселона, Севиља и Валенсија.

Приоритет на владата е безбедно да ги изнесе луѓето заглавени во сообраќајот.

Сè уште нема официјална информација за тоа како дошло до прекинот на електричната енергија. Ниту една опција не е исклучена, дури ни сајбер напад.

Шпанската и португалската влада го истражуваат прекинот на електричната енергија, а во истрагата се вклучени неколку тимови.

Компанијата „Ред Електрика“, која е одговорна за снабдување со електрична енергија во Шпанија, вели дека струјата полека се обновува во северните делови.

Националниот институт за сајбер безбедност во Шанија, исто така, спроведува истрага, но сè уште не донеле заклучок.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата