Имено, во видеото што се појави на TikTok, семејствата се вознемирени бидејќи пијан патник, наводно, предизвикал нарушување на летот EZY8235 во вторникот попладне.
Според извештајот на The Sun, патникот го скршил домофонот во авионот и се судрил со членовите на екипажот.
Пијаниот патник наводно го нарекол пилотот „ѓубре“ откако авионот поминал низ турбуленции и потоа решил да ја преземе контролата над авионот на височина од 9.000 метри, тврди весникот.
@charlotte_keen1 Live emergnecy landing to munich #fyp #easyjet #travel ♬ original sound - Charlotte
Патниците наводно биле бесни откако пијаниот патник предизвикал нивниот лет да биде пренасочен кон Минхен откако се обидел да ја отвори излезната врата за време на летот. Полицијата го привела лицето и го однела со лисици на рацете, а останатите патници кои биле погодени од доцнењето биле сместени во хотели.
На видеото кое има повеќе од половина милион прегледи, патниците аплаудираа додека полицијата го исфрли од авионот. Еден иритиран патник извикал: „Излези, губитнику“.
Авионот подоцна со громогласен аплауз испратил патник, кој, според видеото, храбро му помогнал на персоналот да го задржат пијаниот патник додека авионот не слета.
Потсетувајќи се на инцидентот, извор изјавил за Сан:
- Екипажот во кабината беше одличен и многу храбар, но целата драма беше многу вознемирувачка.
Актите на пијанство во авион може да резултираат со парични казни до 5.000 фунти и две години затвор, според Управата за цивилно воздухопловство на Обединетото Кралство.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат тројца полицајци во кабина. Патникот, кој носел црни очила за сонце и перница за врат, на почетокот бил седнат, а потоа станал кога полицаецот го прашал:
- Дали имаш рачен багаж?
- Да, ќе ти го изнесам за секунда - одговорила стјуардесата.
Полицаецот го погледна човекот што требаше да биде исфрлен од авионот и рече:
- Можеби ни треба.
Додека полицајците и стјуардесата одеа да го земат багажот на човекот, тој се сврте кон незадоволните патници и ги крена рацете и рече:
- Им се извинувам на сите, се извинувам.
Сепак, не сите го прифатија неговото извинување, па се слушна како некој вели:
- Воопшто не ти е жал, другар.
Човекот брзо одговорил:
- Жал ми е, навистина.
Една жена која изгледаше дека е со туристот стана и го следеше додека тој го напушта авионот, што наводно доцнел 24 часа, пишуваат социјалните мрежи.