Снимен е моментот на атентатот на руски генерал во Москва, ништо не остана од „Голфот“ (ВИДЕО)

25.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снимен е моментот на атентатот на руски генерал во Москва, ништо не остана од „Голфот“ (ВИДЕО)

Безбедносните камери го забележаа моментот на атентатот врз генерал-потполковник Јарослав Москалик, кој беше разнесен во експлозија во Балашиха во близина на Москва кога непознато лице активирало експлозив поставен во „голф“ паркиран во близина на неговата зграда.

Од утрово на местото на настанот се води истрага, а фотографиите сведочат за ужасната експлозија. Имено, на истите фотографии можете да видите дека од „Голфот“ не останало ништо, само изгорена школка, а автомобилот е непрепознатлив. На неколку метри од уништеното возило се гледа церада, под која, како што се претпоставува, се наоѓа убиениот Јарослав Москалик.

Според Светлана Петренко, официјална претставничка на Истражниот комитет на Русија, „Голфот“ експлодирал на улицата Нестеров, на број 2, а експлозијата била толку страшна што телото на Москалик одлетало назад кон влезот!

На претходно објавеното видео, може да се види лице како се приближува кон возило во далечината, а потоа во следниот момент делови од автомобилот летаат во сите правци од силата на експлозијата.

„Првичните информации укажуваат дека во возилото имало рачно изработени експлозиви“, изјави Светлана Петренко.

Се сомнева дека во автомобилот била инсталирана камера, која емитувала во живо кој поминува покрај автомобилот. Кога Москалик се појавил околу 10:40 часот, експлозивот бил активиран со далечински управувач.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата