„Туркиш ерлајнс“ соопшти дека поради невремето дел од летовите од и кон аеродромот во Истанбул за утре се откажани, пренесува „Хуријет“.
Властите најавија дека в понеделник училиштата во Истанбул ќе бидат затворени поради екстремно ниските температури и очекуваните потешкотии со транспортот на учениците.
Од синоќа на полноќ, градските власти воведоа забрана за движење на моторциклисти и курирски служби во Истанбул сè до подобрување на временските услови. /МИА
A snowy day at Hagia Sophia, Istanbul. pic.twitter.com/hooQdhMwkl
— Sare (@zeynepsareozkan) February 22, 2025