Двајцата го носеле телото на покојниот свекор на Мери на неговиот погреб во округот Килдер, Ирска.
Нејзината смрт ги запрепасти семејството и пријателите кои патувале со Мери со траект на погребот. Трагичното откритие предизвика голем полициски одговор, а во моментов се верува дека жената си го одзела животот.
Кога нејзиното тело било пронајдено во тоалетот на траектот, избила масовна тепачка, принудувајќи го капетанот да повика полиција и брза помош по пристигнувањето во пристаништето Росларе.
Според пријателите и семејството, Мери била на бродот со нејзиниот сопруг Нед, кој го придружувал телото на неговиот татко Мартин Кеш со погребна кола до неговата татковина каде што сакал да биде погребан, пишува Мирор.
Телото на Мартин било во погребна кола на траектот, а тие го напуштиле Западен Велс во вторникот попладне, ден откако семејството одржало богослужба во црква во северен Лондон.
Подоцна е објавено дека во врска со смртта на Мери е уапсен маж, кој бил пронајден во тоалетот со нејзиното тело. Веднаш бил приведен на распит.
Исто така, како што објави Дејли Мејл, жената имала очигледни повреди на вратот кога била пронајдена, иако се уште се расправа дека не се работи за убиство, туку за самоубиство.
„Кутриот Нед, го загубил татко му, па сопругата. Исус ќе ги излечи скршените срца, ќе му даде сила на семејството во овој тежок период“, беше една од објавите упатени до Нед по повод смртта на неговата сопруга Мери.
По нејзината смрт, полицијата интервјуирала многу патници. Приведениот е пуштен од притвор, но никаде не е наведено кој е тој.
Погребот на таткото на Нед е одложен за некој подоцнежен ден, а плановите за погребот на Мери ќе почекаат додека не бидат објавени резултатите од обдукцијата.