Тој напиша дека знае каде е врховниот лидер Али Хамнеи и оти е лесна мета, но дека засега нема да биде убиен. може да се смета за безбеден. По досега најострите тонови кон Техеран угледниот CBC повикувајќи се на воени извори обајви дека Трамп серизоно размислува директно да ги вклучи САД во воената интервенција врз Иран.
-Мислам дека веројатноста САД да се приклучи во оваа војна е многу поголема, отколку да ја запре. Се чини дека претседателот Трамп е импресиониран од почетните израелски постигнувања и сака да се вклучи и да ја заврши работата, бидејќи тој мисли дека би бил способен да ги собере заслугите. , изјави Али Ваез, меѓународна кризна група.
Иранскиот врховен лидер, ајаталот Али Хамнеи го отфрли барањето на Трамп Иран доброволно да капитулира. Во изјава прочитана од телевизиски презентер, рече дека на Исламската Република не може да ѝ се наметне мир или војна.
-Американците треба да знаат дека секоја американска воена интервенција несомнено ќе биде придружена со непоправлива штета. Интелигентните луѓе кои го познаваат Иран и неговата историја никогаш нема да ѝ зборуваат на оваа нација со заканувачки јазик, бидејќи иранската нација нема да се предаде. Изјави Али Хамнеи, Врховен лидер на Иран.
Првиот воен приоритет на Вашингтон, ако се вклучи во конфликтот, би бил да се уништи клучниот ирански нуклеарен погон за збогатување ураниум Фордо, кому израелските авиони засега не ми можат ништо зашто се наоѓа 60-ина метри под земја. САД ја имаат единствената бомба која може да пробие длабоко под земја.
Станува збор за бомбата ГБУ-57, која експлодира два пати, еднаш за ја пробијат земјата, а вториот пат на одредена длабочина.
-Оваа „бомба за уништување на бункери“ е 30 тони тешко оружје кое може да пробие во постројките за збогатување ураниум кои се закопани под планина околу 160 км јужно од Техеран. Израелците знаат каде се наоѓа, но не можат да стигнат до него, бидејќи немаат авион кој би носел бомба, а немаат ниту таква бомба. , Крис Улман, воен експерт.
На терен состојбата останува непроменета. Иран соопшти дека прв пат го употребил хиперсоничниот балистички проектил „Фатах‑1“ и се пофали дека урнал дел од израелските воздушните одбранбени системи. Израел пак соопшти дека во операција во која биле вклучени 50 авиони биле погодени две ирански постројки за произведство на центрифуги кои служат за збогатување ураниум.