40-годишниот руски претприемач Павел Дуров, чија нето вредност се проценува на 11 милијарди долари, пристигна во судницата во Париз облечен во црно одело и капа во 10 часот наутро, во придружба на четири адвокати. Ниту Дуров ниту неговите адвокати не сакаа да даваат изјави.
🔴ALERTE INFO | Pavel Durov, patron de Telegram, quitte le tribunal de Paris après 10H d’interrogatoire par les juges d'instruction.pic.twitter.com/HVIlPusYH6
— SIRÈNES (@SirenesFR) July 28, 2025
Весникот забележува дека ова е трето испрашување на Дуров од август 2024 година, кога беше обвинет во Франција за непреземање мерки против ширењето на криминална содржина на неговата платформа за пораки.
Подоцна беше ослободен од притвор со кауција од пет милиони евра, под строг судски надзор и обврска да се јавува во полициска станица двапати неделно. Му е забрането да ја напушта француската територија.
Дуров, кој стана француски државјанин во 2021 година, призна за време на првото испрашување во декември дека „станал свесен за сериозноста на фактите“ и обвинувањата против неговата платформа додека бил во полициски притвор.
Апелациониот суд во Париз ја ублажи мерката за судски надзор на Дуров и од 10 јули тој може да патува во Дубаи, каде што се населил, „за периоди до 14 последователни дена“, откако претходно ги информира истражните судии.