Сите заминуваат во Германија: Рекордни 168.000 пасоши лани им се издадени на странци

5.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сите заминуваат во Германија: Рекордни 168.000 пасоши лани им се издадени на странци

Ова е за 28 отсто повеќе од една година претходно, објави Сојузниот завод за статистика во Визбаден, истакнувајќи дека во последните 20 години не се регистрирани толку многу нови жители, пренесува Дојче веле.

Минатата година германско државјанство добиле 168.545 лица, од 171 националност и со тоа го оствариле правото да добијат германски пасош.

Повеќето од „новите Германци“ се дојденци од Сирија. Со учество од 29 отсто, 48.300 сириски државјани ја сочинуваат најголемата група натурализирани лица во текот на минатата година.

Многумина од нив избегале од Сирија во Германија за време на граѓанската војна и таму нашле нов дом. Зад Сиријците се Украинците, Ирачаните и Турците.

Прогнозата на експертите за 2023 година е дека може да се очекува дека бројот на новопристигнати ќе продолжи да расте, делумно поради тоа што владејачките партии СПД, Зелените и ФДП сакаат суштински да го променат Законот за државјанство.

Владејачката коалиција вели дека на Германија итно ѝ треба квалификувана имиграција и сака да им дозволи на луѓето кои веќе живеат таму да се интегрираат и да добијат државјанство.

Во суштина, се предвидува пократок минимален престој за натурализација – наместо осум години, тој треба да биде пет години, а во случај на „посебни интеграциски достигнувања“ само три.

Покрај тоа, апликантите повеќе не треба да бидат принудени да се откажат од своето претходно државјанство за да добијат германско. Во принцип, тоа би значело легализирање на двојното државјанство.

Околу шест милиони странци живеат во Германија и се во таа земја повеќе од осум години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата