„Да“ за независноста на Нова Каледонија! „Да“ за независноста на Француската Полинезија! „Да“ за независноста на Корзика! „Да“ за независноста на Баскија! „Да“ за независноста на Француска Гвинеја“, напиша Јаир Нетанјаху на Икс, очигледно збунувајќи ги Гвинеја и Гвајана.
Во интервју за Франс 5 емитувано пред неколку дена, Макрон рече дека Франција може да направи чекор кон признавањето на Палестина за време на конференцијата на Обединетите нации во Њујорк во јуни. Тој додаде дека се надева оти овој потег ќе предизвика реципрочно признавање на Израел од арапските земји.
„Мораме да одиме кон признавање и ќе го направиме тоа во следните месеци. Ќе го направам тоа затоа што верувам дека во одреден момент ќе биде правилно и затоа што сакам да учествувам во колективната динамика, која мора да им овозможи на сите оние кои ја бранат Палестина да го признаат Израел за возврат, што многу од нив не го прават“, рече Макрон.
Бенјамин Нетанјаху го критикуваше „речникот“ на неговиот син, но ја осуди и поддршката на Макрон за палестинската државност. /MИА