Силна експлозија во челичарница во близина на Питсбург, има загинати (ВИДЕО)

11.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силна експлозија во челичарница во близина на Питсбург, има загинати (ВИДЕО)

Според најновите податоци, најмалку едно лице загина, а две се тешко повредени во силна експлозија во челичарница во предградието на Питсбург во американската држава Пенсилванија, каде што противпожарните екипи се борат со пожар додека густ чад се издига од објектот, јавуваат американските медиуми.

Портпаролката на Управата за вонредни состојби на округот Алегени, Кејси Рајнер, потврди дека десетици луѓе се полесно повредени, но не можеше да потврди дали некој починал, јавува CBS News.

Гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, објави на платформата X дека неговата администрација е во контакт со локалните власти во Клертон.
 

„Местото на несреќата е сè уште активно, па затоа секој што е во близина треба да ги следи упатствата на локалните власти“, напиша Шапиро, повикувајќи ги луѓето да му се придружат во молитвата за заедницата Клертон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата