Силен земјотрес го погоди поширокиот регион на Токио

1.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силен земјотрес го погоди поширокиот регион на Токио

Епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,0 степени бил во префектурата Ибараки, во соседство на Токио, на длабочина од околу 50 километри, соопшти јапонската метеоролошка агенција.

Геолошкиот институт на Соединетите Држави (USGS) ја процени магнитудата на 4,9 степени.

Засега нема извештаи за штети или повредени лица, пренесе ДПА. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата