Си: Трговските војни им штетат на сите држави и го нарушуваат светскиот економски поредок

23.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Си: Трговските војни им штетат на сите држави и го нарушуваат светскиот економски поредок

 Трговските и царинските војни ги поткопуваат „правата и легитимните интереси на сите земји, му штетат на мултилатералниот трговски систем и влијаат на светскиот економски поредок“, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг за време на средбата со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој е во официјална посета на Пекинг.  

Според кинеските државни медиуми, Си нагласил дека Кина е подготвена да соработува со Азербејџан во заштитата на меѓународниот систем во кој Обединетите нации играат централна улога, како и во зачувувањето на правниот поредок во меѓународните односи.

Според него, целта на таа соработка е „заштита на легитимните права и интереси на двете земји, како и одбрана на меѓународната правда и еднаквост“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата