Подморницата со дрога била на пат од Јужна Америка кон Европа. Била запрен на 800 километри јужно од Азорските Острови. На пловниот објект имало тројца Бразилци, еден Колумбиец и еден Шпанец, кои се уапсени, пренесува Билд.
Португалската полиција соопшти дека успеала да ја лоцира и пресретне подморницата како дел од операцијата Наутилус. На бродот имало околу 7 тони кокаин. Дрогата очигледно била наменета за дистрибуција во различни европски земји.
Во операцијата беа вклучени португалските воздухопловни сили и морнарица, шпанската цивилна гарда, како и американската агенција за борба против дрогата ДЕА и британските власти.
Се уште не се знае точниот момент на акцијата, но според извори полицијата неодамна успеала да го изврши апсењето.
Со години Германија и Европа се преплавени со „бел прав“ од Јужна Америка. Дрогата обично пристигнува од плантажите во тропските шуми преку бродови, скриени во кутии со банани или меѓу вреќи со кафе. Меѓутоа, бидејќи пристаништата во Германија и Европа сѐ повеќе се контролираат, картелите користат нова технологија, како што се само-изградените подморници.
Овие таканаречени „нарко-подморници“ не се целосно потопливи како воените подморници, но поради нивната камуфлирана конструкција можат да се движат под вода, а над површината излегува само горниот дел. Радарските уреди не е лесно да ги забележат. Затоа нарко картелите ги користат сѐ почесто.
Првата подморница од ваков вид кој успешно ја заврши целата рута беше откриена во ноември 2019 година на устието на реката Алдан во Галиција. Изграден е во бразилската џунгла и го преминал Атлантикот од Колумбија. Носел товар тежок три килограми.