Тој го кажа ова во интервју за Политико.
„Сигурен сум и убеден дека во секој момент ќе бидат подготвени да го тестираат Член 5 на НАТО во балтичките држави или во некој друг дел од Европа“, рече Клаесон.
„Го видовме тоа во Чеченија, Грузија, Крим...“
„Тие се подготвени да преземат огромни стратешки ризици за да го постигнат она што мислат дека можат да го постигнат. Видовме дека од Чеченија, го видовме тоа во Грузија, го видовме тоа на Крим“, рече тој.
Клаесон нагласи дека Европа не е подготвена за потенцијален конфликт со Русија, кој го опиша како „системски конфликт... чие решавање ќе потрае долго време“. „Зборуваме за генерација во принцип... ова нема да исчезне со евентуално прекин на огнот или мировен договор во Украина“, додаде тој.
„Единствениот јазик што го разбираат е силата“
Тој исто така рече дека само дипломатијата нема да ја запре Русија. „Единствениот јазик што го разбираат е силата“, рече Клаесон. „Мораме да бидеме цврсти... постојаното повлекување не е вистинскиот одговор бидејќи ги охрабрува“, заклучи тој.

