„Во тек е интензивна истрага. Сега собираме информации, а полицијата спроведува истраги од врата до врата и испрашува сведоци“, се наведува во соопштението на шведското обвинителство, пренесено од британските медиуми.
Обвинителството додава дека мобилните телефони и другиот запленет материјал се анализираат.
Полицијата на прес-конференцијата објави дека е прерано да се каже дали пукањето е поврзано со банда, но дека тоа е една од теориите што особени интензивно се истражува.
Оттаму наведуваат дека сите жртви биле на возраст меѓу 15 и 20 години, но одбија да дадат повеќе информации за нив, велејќи дека сè уште не се идентификувани.
Шведскиот правен систем ги рангира притворањата според нивото на докази што властите веруваат дека ги имаат против осомничениот, а 16-годишникот бил приведен според највисокото ниво, соопштија обвинителите.
Жртвите, на возраст меѓу 15 и 20 години, беа убиени вчера попладне, токму кога Упсала, универзитетски град на 40 минути северно од Стокхолм, се подготвуваше за „Валпургиската ноќ“, еден од најголемите празници во градот.
Шведска повеќе од една деценија е изложена на бран насилство поврзано со банди. /МИА