Швајцарија би можела да придонесе во евентуалната идна мировна мисија во Украина со испраќање свои војници, доколку тоа биде побарано и ако швајцарската влада и парламентот го одобрат тоа, изјави началникот на Генералштабот на швајцарските вооружени сили, Томас Зисли.
Тој во интервју за „Зонтагс блик“ рече дека Швајцарија би можела да испрати околу 200 војници за девет до 12 месеци.
Зисли истакна дека дискусијата за испраќање мировници во Украина засега е чисто хипотетичка бидејќи се уште не се знае под кои услови ќе биде постигнат мировен договор меѓу Москва и Киев. /МИА