Швајцарски суд осуди македонски државјанин за брутално убиство, што го извршил пред 24 години

8.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Швајцарски суд осуди македонски државјанин за брутално убиство, што го извршил пред 24 години

Судот осуди државјанин на Македонија (65) на 18 години и три месеци затвор за убиство и обид за убиство при грабеж во јуни 1999 година.

Швајцарските медиуми потсетуваат дека група од четворица мажи кобната вечер упаднале во куќа на едно семејство и им ставиле лисици на парот и нивниот син, кој тогаш имал 14 години. Двата постари сина на парот во тој момент не биле дома. Напаѓачите биле маскирани и вооружени, а еден од нив ги мачел врзаните родители и синот.

Кога двајцата постари синови на двојката ненадејно се вратиле дома, напаѓачите испукале најмалку четири куршуми, при што едниот брат го убиле, а другиот тешко го раниле. Напаѓачите потоа побегнале.

Единствената ДНК трага водела до осудениот. Инспекторите за осомничениот дознале случајно дури во 2015 година, кога пријавил упад во неговиот киоск во Берн. Неговата ДНК трага потоа била усогласена со ДНК трагите пронајдени на местото на злосторството во Бил.

Бруталното злосторство ја потресе цела Швајцарија и со години се сметаше за нерешен криминален случај.

Осомничениот од самиот почеток негирал вмешаност во грабежот, а неговиот бранител побарал ослободителна пресуда, тврдејќи дека ДНК анализата е сомнителна. Но, Јавното обвинителство смета дека е докажана вмешаноста на мажот во грабежот и побарал затворска казна од 18 години.

Заднината на грабежот останува нејасна.

Во текот на истрагата, полицијата добила информации дека кривичното дело може да се заснова на нелегална трговија со оружје меѓу двајцата синови на семејството и поранешни активисти на терористичката Ослободителна војска на Косово.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата