Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во барот, граѓаните оддаваат почит, бројот на жртви се проценува на 47

2.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во барот, граѓаните оддаваат почит, бројот на жртви се проценува на 47

Локалните медиуми  наведуваат дека повредените се хоспитализирани во болници во Швајцарија, а некои се префрлени во здравствени установи во Милано, Париз, Лион и Штутгарт, додека истрагата и идентификацијата на жртвите продолжуваат денеска. Телата на жртвите се толку лошо изгорени што швајцарските власти велат дека може да потрае со денови за да се идентификуваат.швајцарскиот претседател Гај Пармелин го опиша пожарот од синоќа како еден од најтрагичните настани во историјата на земјата и рече дека Швајцарија има должност да не дозволи таква трагедија никогаш повеќе да се случи.

Несреќата се случила за време на новогодишните прослави, а барот „Констелејшн“ бил полн со млади луѓе, вклучувајќи туристи од други европски земји. Најмалку 22 од тешко повредените во пожарот се на возраст меѓу 16 и 26 години, според очевидци, пожарот избувнал околу 1 часот и 30 минути  по полноќ кога шишиња шампањ биле фрлени кон барот со распрскувачи и ракети, предизвикувајќи експлозија која брзо го зафатила таванот и околниот простор. Пожарот брзо се проширил и зафатил цел подрум. Сведоците велат дека луѓето се обиделе да избегаат во паника, но биле заробени од тесните скали.

Сопствениците на барот „Констелејшн“ во познатиот швајцарски скијачки центар  се живи, објавија француските медиуми. Станува збор за Џесика и Жак Морети, по потекло од Корзика. Според неколку француски онлајн портали, брачната двојка го презела популарниот бар во скијачкиот центар во 2015 година. покрај „Констелејшн“, тие управуваат и со друг угостителски објект во Ленс.Под нивно водство, некогаш запоставениот бар беше трансформиран во популарен ноќен клуб, едно од омилените места за излегување навечер во Кран-Монтана. Според информациите, во моментот на пожарот во барот била само Џесика Морети, 40-годишна жена, која наводно се здобила со изгореници на раката. Во пожарот, како што објавија медиумите,идентификувана е и првата жртва загина 17-годишниот Емануеле Галепини од Италија, голфер, кој живеел со своето семејство во Дубаи. Галепини, по потекло од Џенова, бил во Швајцарија со пријатели кога избувнал пожарот во раните утрински часови на 1 јануари во барот „Констелејшн“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата