Дипломатот своето пристигнување го најави на социјалната мрежа „Икс“.
„Само што пристигнав во Украина“, напиша Албарез и потсети дека неправедната и неиспровоцирана војна во Украина трае веќе три години.
„Мораме оваа година да ја направиме година на мир. Праведен мир кој на Украинците ќе им обезбеди суверенитет и слобода. „Шпанија стои на нивна страна за ова“, напиша шпанскиот министер за надворешни работи.
Претходно неговиот украински колега Андриј Сибига најави дека Албарез ќе присуствува на отворањето на првиот културен центар на УНЕСКО во Украина.