Приведени се и четири членови на криминален синџир, кој илегално ја снабдувал Русија со хемиски производи преку лажна компанија управувана од „граѓани со руско потекло“.
- Во текот на истрагата беше докажано дека меѓународно санкционирани хемикалии, некои од нив можен материјал за хемиско оружје или нервни агенси, во минатото биле извезени преку таа компанија, се посочува во заедничкото соопштение на шпанската полиција и даночната управа.
Во соопштението не е прецизирано кои хемикалии се запленети во последната операција.
Хемикалиите биле пронајдени во контејнер во пристаништето во Барселона, додека четворица осомничени биле уапсени во околните села. Тие се соочуваат со обвиненија за континуиран шверц на забранети стоки.