Шолц против испраќање ракети „таурус“ во Украина ако тоа вклучува учество на германски војници

4.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шолц против испраќање ракети „таурус“ во Украина ако тоа вклучува учество на германски војници

„Не можете да испорачате систем на оружје што има многу долг дострел без да размислувате како да го контролирате“, рече Шолц.

Тој додаде дека е можно да се има контрола над оружјето само доколку со него управуваат германски војници.

„И тоа не доаѓа предвид“, рече Шолц.

Досега Германија се спротивставуваше на испраќање ракети „таурус“ во Украина, плашејќи се од директна конфронтација со Русија.

Сепак, за ова прашање повторно се разговараше откако руските медиуми објавија 38-минутно видео од разговор во кој германските офицери наводно разговарале за техничките можности на крстаречката ракета „таурус“ и дали германските крстосувачки ракети технички се способни да го уништат Кримскиот мост.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата