Повеќе од 5.000 медицински сестри пријавиле дека обезбедуваат нега во ходниците и паркинзите секој ден, без основна медицинска опрема, пишува Франс 24.
Вработените се соочуваат со ситуации кога згрижуваат дури 40 пациенти во ходниците, без пристап до основна медицинска опрема како кислород и опрема за реанимација.
Некои жени дури имале спонтани абортуси во ходниците, додека медицинските сестри велат дека не можат правилно да ги реанимираат пациентите кои доживеале срцев удар.
Во извештајот се наведува и дека многу болнички соби немаат ниту струја, што дополнително ја отежнува работата на медицинскиот персонал.
Во Англија има недостиг од 32.000 медицински сестри, а речиси една од осум медицински сестри ја напушта професијата во рок од пет години од квалификацијата.
Затоа, РЦН предупредува дека моменталната ситуација е неприфатлива и претставува „срам“ за британскиот здравствен систем.