Шефовите на ЕУ му честитаат на победникот на изборите во Канада, Карни

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шефовите на ЕУ му честитаат на победникот на изборите во Канада, Карни

-Врската меѓу Европа и Канада е силна - и станува сè посилна, напиша фон дер Лајен денеска на „X“.

„Ќе ги браниме нашите заеднички демократски вредности, ќе го промовираме мултилатерализмот и ќе се залагаме за слободна и фер трговија“, додаде таа.

Кошта на „Х“ напиша дека „ЕУ и Канада имаат долго и блиско партнерство“.

-Ние сме сојузници и силни трговски партнери, рече Кошта, додавајќи дека ЕУ и Канада делат исти вредности. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата