Шефот на пожарникарите во Лос Анџелес спасил две куќи со помош на млеко и пиво

17.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шефот на пожарникарите во Лос Анџелес спасил две куќи со помош на млеко и пиво

Тој штотуку се слушнал со пријателите и неговиот брат кои имаат домови во областа загрозена од шумски пожари и им кажал дека немаат за што да се грижат, објави Њујорк Пост.

Неколку часа подоцна се случило незамисливото, а пожарот стигнал до таа населба, а Фенеси не можел да го добие братот на телефон.

„Неговиот телефон престана да работи, се плашев од најлошото. Мислев дека треба да одам таму“, рече тој, додавајќи дека потоа му се јавил братот и му рекол дека е безбедно евакуиран со семејството.

Фенеси вели дека решил да оди и да провери во каква состојба е куќата на неговиот брат. Она што го нашол било целосен кошмар, а улиците што ги знаел биле непрепознатливи, сè било уништено.

Тој додаде дека се шокирал кога видел дека куќите на неговиот брат и еден пријател се уште стојат, додека околните куќи веќе се во пламен. Прво сакал да ги елиминира запаливите материјали како што е гасот, но вентилот веќе почнал да се топи. Фенеси успеал да најде црево, но бидејќи немало вода, влегол во куќата барајќи нешто да го излади вентилот за гас.

Во фрижидерот нашол млеко и неколку пива кои ги полил по вентилот и го затворил. Тоа било доволно гасот да не се запали и да експлодира, а тие две куќи биле единствените во целиот блок што не изгореле.

„Ова е нашата нова реалност и мислам дека ќе има сѐ повеќе вакви урбани пожари“, заклучува Фенеси.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата