Шефот на делегацијата на НАТО во Киев вели дека Украина има право да гаѓа цели во Русија

15.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шефот на делегацијата на НАТО во Киев вели дека Украина има право да гаѓа цели во Русија

Украина има апсолутно право да гаѓа цели во Русија од каде што беше нападната, врз основа на меѓународното право кое го гарантира правото на самоодбрана, изјави денеска шефот на делегацијата на НАТО во Киев, Патрик Тарнер, наведувајќи дека Киев веќе го користи тоа право.

Тарнер во интервју за Укринформ рече дека раководството на НАТО го признава правото на Украина да напаѓа со оружје со долг дострел, како што наведе, „легитимни цели“ на територијата на Руската Федерација, но оти останува на секоја земја членка на Алијансата да дозволи употреба на оружје доставено до Украина за тие цели.

- Пред сè, според меѓународното право, Украина има апсолутно право, во рамките на правото на самоодбрана, загарантирано со Повелбата на ОН, да напаѓа воени цели надвор од нејзините граници од кои напаѓа Руската Федерација, рече Тарнер.

Според него, земјите од НАТО годинава и дале воена помош на Украина во износ од 40 милијарди евра, наведувајќи дека членките на Алијансата речиси секоја недела носат нови одлуки за снабдување на украинската армија со различни вооружени системи и муниција.

Украина за да напаѓа цели длабоко во руска територија во моментов користи домашно оружје, главно дронови, кои, според украинската агенција, погодиле важни цели во различни региони на Руската Федерација, особено складишта за муниција и ракети и воени аеродроми. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата