Северна Кореја одлучи да го протера американскиот војник Травис Кинг

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северна Кореја одлучи да го протера американскиот војник Травис Кинг

Британските медиуми пренесоа дека во конечниот извештај од истрагата за нелегалниот влез на Кинг во Северна Кореја, во јули годинава, се наведува дека Кинг рекол дека бил огорчен од нехуманиот третман и расната дискриминација во редовите на американската војска.

-Тревис Кинг призна дека одлучил да дојде во Северна Кореја затоа што се чувствува лошо поради нечовечкиот третман и расната дискриминација во американската војска, изјави претходно официјален претставник на Пјонгјанг за Корејската агенција. 

Извештајот на севернокорејската државна агенција не прецизираше каде ќе биде прогонет војникот, иако Северна Кореја претходно забележа во своите првични истраги дека Кинг сака засолниште исклучиво во Северна Кореја. 

Пред да ја премине границата со Северна Кореја, Кинг одлежа два месеци во јужнокорејски затвор под обвинение за напад и беше ослободен на 10 јули. Потоа требаше да лета за САД за да се соочи со дисциплинска постапка, но успеа да побегне од аеродромот. 

Кинг е специјалист за извидување кој е во војска од јануари 2021 година, а дошол во Јужна Кореја како дел од ротацијата на американските трупи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата