Седумдневна жалост во родната Аргентина,иако претседателот Милеј го навредуваше папата Франциск

21.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седумдневна жалост во родната Аргентина,иако претседателот Милеј го навредуваше папата Франциск

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеј изрази сочувство за смртта на папата. Односите меѓу папата Франциско и претседателот Милеј на почетокот беа затегнати, но со текот на времето се подобрија, објави Ројтерс.

Милеј, кој ја презеде функцијата во 2023 година, остро го критикуваше папата за време на неговата изборна кампања, нарекувајќи го „имбецил кој ја брани социјалната правда“, „језуит кој го промовира комунизмот“ и „претставник на корупцијата на Земјата“.

Овие изјави го одразуваа слободарскиот и антикомунистичкиот став на Милеј, кој беше во спротивност со посветеноста на Папата за социјална правда и грижа за сиромашните.

Сепак, папата Франциск, исто така Аргентинец, според кардиналот Виктор Мануел Фернандез, не ги сфатил лично зборовите на Милеј, туку ги сметал за дел од кампањата.

По изборната победа на Милеј, дојде до пресврт во нивната врска, тие се сретнаа во Ватикан на 11 февруари 2024 година, по повод канонизацијата на првиот аргентински светец, каде срдечно се прегрнаа. Милеј подоцна изјавил дека почнал да гради позитивни односи со Франциск, нарекувајќи го „најважниот аргентински и католички лидер во светот“.

По повод смртта на папата Франциск денеска, Милеј му оддаде почит и изјави дека му претставувало голема чест што се сретнал со папата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата