Седум жртви во престрелка во Мексико

20.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седум жртви во престрелка во Мексико

Злосторството е извршено на плоштадот во Сан Бартоло де Бериос во општината Сан Фелипе во централниот дел на земјата.

Полицијата ги пронашла телата на седум мажи и оштетен минибус, како и две пораки поврзани со картелот „Санта Роса де Лима“ – една од криминалните организации кои дејствуваат во овој регион.

Мексиканската епископска конференција – највисокиот римокатолички орган во земјата, изрази „длабока тага и вознемиреност“ и ја осуди „неказнивоста и недостигот на мир во големи области на земјата“.

Државата Гванахуато е индустриски и туристички центар во кој се наоѓаат канцелариите на производители на автомобили како „Мазда“ и „Тојота“.

Тој исто така е центар на судири меѓу картелот „Халиско – нова генерација“, вклучен во списокот на САД на терористички организации, и „Санта Роса де Лима“.

Минатата година Гванахуато беше прогласен за мексиканска држава со најмногу убиства – 3.151, што е околу 10,5 проценти од сите убиства извршени во земјата. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата