Претходно, 63 лица беа повредени во нападот, објави Ројтерс.
Сириското министерство соопшти дека бомбашот самоубиец кој го извршил нападот бил член на групата Исламска држава, објави сириската државна новинска агенција САНА.
Терористичката организација сè уште не ја презеде одговорноста за нападот.
Сириските медиуми објавија дека безбедносните сили поставиле безбедносен кордон околу местото на експлозијата, додека спасувачките екипи работат на пронаоѓање жртви и евакуирање на повредените во блиските болници.
Според медиумските извештаи, бомбашот самоубиец влегол во црквата за време на мисата носејќи експлозив и отворил оган врз присутните, по што се активирал.
Ова беше првиот самоубиствен бомбашки напад во Дамаск откако сирискиот претседател Башар ал-Асад беше соборен од бунтовниците во декември, објави Ројтерс.