Масакр на свадба во Франција- меѓу убиените е и невестата, дете е тешко повредено

23.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Масакр на свадба во Франција- меѓу убиените е и невестата, дете е тешко повредено

Иако во моментов не е потврдена никаква теорија, истражителите ја разгледуваат можноста дека станува збор за судир поврзан со трговија со дрога. Човекот кој бил тешко повреден е познат на полицијата по претходни злосторства поврзани со дрога, а според градоначалникот, Дидие Перел, сè укажува на тоа дека станува збор за „целен напад“.

„Се наоѓаме во близина на општини кои за жал се познати по ваков вид инциденти, како што е Кавајон, од каде што е младоженецот“, рече Перел. Мештаните не ја кријат својата загриженост, потврдувајќи дека регионот долго време е погоден од проблеми со трговијата со дрога и насилството што произлегува од тоа.

Градоначалникот на Гулт, длабоко потресен од инцидентот, за време на импровизирана прес-конференција изјави дека е „бесен, згрозен и шокиран“, пренесува ladepeche.fr.

Еден од селаните, 55-годишен возач на камион по име Даниел, изјави за АФП дека околу 4:30 часот наутро го разбудиле чудни звуци и дека два часа подоцна слушнал ниско летање на хеликоптери.

„Ова сигурно нема да биде добра реклама за нашето село“, загрижено рече Даниел.

Танжи, 29, кој на почетокот помислил дека истрелите се огномет, имал слично мислење. Сопственикот на локалниот ресторан „Ле Гултоа“, Гијом Молинас (50), се плаши дека инцидентот ќе „фрли негативно светло врз селото“.

„Последниот голем инцидент во селото се случил пред 125 години.“, рече тој.

Гулт, инаку мирно провансалско село, сега се соочува со несакано внимание и нарушено чувство на безбедност.

Во ужасна пукотница што се случи за време на свадба во градот Гулт, во францускиот департман Воклиз, ноќта помеѓу саботата 21 и неделата 22 јуни, две лица се убиени, а три сериозно повредени. Меѓу жртвите беше и невестата, 27-годишна жена, додека едно дете се здоби со сериозни повреди. Обвинителството во Авињон отвори истрага за „убиство во организирана група“ и „обид за убиство во организирана група“.

Во саботата, околу стотина гости присуствувале на свадбата на млад пар во банкет сала во Гулт. Веселбата траела до доцна во ноќта. Околу 4:30 часот наутро, кога повеќето гости ја напуштија прославата, младенците се упатија кон својот автомобил. Со нив во возилото влегло и 13-годишно момче.

Во тој момент, зад нив застанал друг автомобил со неколку маскирани лица. Тие излегле од возилото и отвориле оган врз автомобилот во кој се возеле младенците, користејќи, како што е наведено во соопштението на обвинителството, „неколку видови оружје“.

Две жртви - вклучувајќи ја и невестата

Две лица загинаа во пукотницата - невестата (27) и еден од напаѓачите, кој почина „во размена на оган“. Младоженецот (25) и 13-годишно дете се тешко повредени, додека друго лице, блиско до семејството, е полесно повредено.

Напаѓачите успеале да избегаат, додека еден од нив починал на лице место и сè уште е во фаза на идентификација. Обдукциите врз телата на жртвите треба да се извршат на почетокот на следната недела.

Во тек е обемна истрага

Истрагата ја води одделот за сериозни кривични дела во Марсеј, а голем број припадници на жандармеријата се распоредени на местото на настанот за да го обезбедат местото на злосторството и да соберат докази. Обвинителството соопшти дека „сите расположиви ресурси се мобилизирани за да се расветлат сите околности на овој трагичен настан“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата