Се зголеми бројот на загинати во катастрофалниот пожар во хотел во Турција

22.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се зголеми бројот на загинати во катастрофалниот пожар во хотел во Турција

Обвинителството во Болу соопшти дека во тек е идентификација на жртвите, а ДНК-анализите потврдиле дека починале уште три лица, со што бројот на загинати се искачи на 79.

Знамињата се спуштени на половина копје низ Турција и во дипломатските претставништва на земјата ширум светот поради националниот Ден на жалост по вчерашниот пожар во хотел во Карталкаја.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја синоќа потврди дека во пожарот загинале 76 лица.

Бројни тимови за одговор на пожари и катастрофи евакуирале околу 230 луѓе од хотелот за време на пожарот. Во рамки на истрагата за пожарот досега се приведени 11 лица.

Регионот Карталкаја во провинцијата Болу е една од најважните дестинации за зимски туризам во Турција и привлекува илјадници посетители за време на скијачката сезона.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата