Набрзо се покажало дека станува збор за осомничен кој бегал од полицијата откако не застанал на нивниот сигнал за време на сообраќајната контрола, пишува Euronews.
Видеото снимено од камера на контролната табла од полициско возило го прикажува човекот како скока од кантата за ѓубре и бега. Полицијата веднаш почнала да го брка, а бегалецот ги изгубил и чевлите додека трчал. „Благодарение на импресивните атлетски способности и брзата реакција на нашиот полицаец Перез, осомничениот е безбедно уапсен“, објави полицијата со видеото.

