Се поизвесен договорот со Хамас за ослободување на заложниците

21.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се поизвесен договорот со Хамас за ослободување на заложниците

Пред тој состанок средба ќе има воениот и безбедносниот кабинет за договорот врз чија основа Хамас ќе ги ослободи заложниците, а Израел ќе ги ослободи палестинските затвореници.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека напредуваат преговорите за ослободување на заложниците.

- Се надевам дека набрзо ќе има добри вести, истакна Нетанјаху.

Високиот функционер на Хамас, Изат Ришк наведе дека во наредните часови може да се постигне договор, врз основа на кој палестинската организација ќе ги ослободи заложниците, а Израел ќе ги ослободи палестинските затвореници.

Во меѓувреме портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи Макед Ал-Ансари изјави дека преговорите се во „критична и завршна фаза“.

Неименуван извор изјави дека во договорот се вклучени и повеќедневно примирје, потоа Хамас да ослободи околу 50 цивили кои ги држи во заложништво, како и ослободување на палестинските жени и деца од израелски притвор.

Но, израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир издаде соопштение во кое предупредува на потенцијалните последици од можниот договор помеѓу Израел и Хамас.

- Многу сум загрижен, бидејќи се зборува за некаков договор … не држат подалеку и не ни ја кажуваат вистината. Гласините се дека Израел повторно ќе направи голема грешка на сличен начин како договорот за Шалит, посочи Гвир.

Тој алудира на Договор од 2011 година, кога Хамас се согласи да го ослободи израелскиот војник Гилад Шалит во замена за 1.027 затвореници.

Гвир истакна дека „договор може да донесе катастрофа“ поради евентуалното ослободување на палестинските затвореници, како и дозволата за испорака на гориво во Појасот Газа.

Хамас и неговите сојузници киднапираа околу 240 лица во Појасот Газа на 7 октомври кога го нападнаа Израел, при што загинаа над 1.200 луѓе, во најголем број цивили.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата