Се огласи ФБИ: На Трамп му се вратени документите од истрагата

1.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи ФБИ: На Трамп му се вратени документите од истрагата

Белата куќа објави дека Федералното биро за истраги (ФБИ) му ги вратило на американскиот претседател Доналд Трамп кутиите кои биле запленети за време на истрагата во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида во врска со доверливи документи, по неговиот прв мандат.

Не е познато дали кутиите содржеле доверливи материјали, но Трамп го поздрави потегот на Министерството за правда.

„Министерството за правда штотуку ги врати кутиите за кои „Лудиот“ (специјалниот советник) Џек Смит направи голема работа. Тие (кутиите) сега се враќаат на Флорида и еден ден ќе бидат дел од претседателската библиотека на Трамп“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“, пренесува NBC News.

Белата куќа потврди дека во петокот, вработените биле видени како товарат околу 15 кутии во задниот дел на Air Force One.

Портпаролот на Белата куќа, Стивен Ченг, рече дека ФБИ му „го враќа на претседателот неговиот имот што бил запленет при незаконски претреси“.

Советничката на Трамп, Алина Хаба, рече дека таа лично носела некои од кутиите со персоналот „за да ги врати таму каде што припаѓаат, што е во Флорида, од каде што биле незаконски однесени“.

Таа целата истрага на Смит ја нарече „измама“.

Судија минатата година го отфрли случајот на Трамп поради доверливи документи, велејќи дека назначувањето и финансирањето на специјалниот советник Џек Смит е незаконско.

Смит поднесе оставка во јануари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата