Се огласи Белата куќа по соборувањето на ирански дрон во близина на американски носач на авиони

3.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Белата куќа по соборувањето на ирански дрон во близина на американски носач на авиони

Состанокот на делегациите на САД и Иран ќе се одржи како што е планирано подоцна оваа недела, дури и откако американски воен авион собори ирански дрон што се приближуваше кон американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ во Арапското Море, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Таа истакна дека специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ќе ги претставува САД во разговорите со иранските претставници, објави „Фокс њуз“.

Претходно, американски борбен авион „Ф-35Ц“ собори ирански дрон што се приближуваше кон американски носач на авиони во Арапското Море, на околу 800 километри од јужниот брег на Иран.

Претходно, порталот „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Иран побарал промени во локацијата и форматот на разговорите со САД, кои беа планирани за петок во Истанбул, барајќи тие да се одржат во Оман исклучиво како билатерален состанок на двете делегации.

Изворите велат дека иранските претставници на тој начин се откажуваат од договорот постигнат во претходните денови, иако некои земји веќе беа поканети да учествуваат во разговорите.

Доколку новите барања доведат до откажување на разговорите, според „Аксиос“, постои ризик американскиот претседател Доналд Трамп да се откаже од дипломатскиот пристап и да се сврти кон воената опција, во време кога САД веќе значително го зголемија своето воено присуство во Персискиот Залив.

Порано денес, „Ројтерс“, повикувајќи се на извори, објави дека Саудиска Арабија, Катар, Оман, Пакистан, Египет и Обединетите Арапски Емирати се поканети на потенцијални разговори за Иран во Истанбул.

Приоритет на разговорите меѓу Иран и САД оваа недела во Истанбул е да се избегне каков било конфликт и да се намалат тензиите меѓу двете страни, изјави регионален функционер, додавајќи дека се поканети и група регионални сили.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата