СБ на ОН побара од бунтовниците во Конго веднаш да ја прекинат офанзивата

27.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СБ на ОН побара од бунтовниците во Конго веднаш да ја прекинат офанзивата

Барањето на Советот за безбедност на ОН дојде само неколку часа откако бунтовничките сили М23 поддржани од Руанда соопштија дека го зазеле Гома, најголемиот град во источно Конго, по нападот што принуди илјадници луѓе да избегаат и предизвика загриженост за можно избувнување на регионален конфликт.

Светските агенции јавуваат дека не може независно да се потврди дали градот Гома е целосно под контрола на бунтовниците./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата