Саудиска Арабија и Индија се договорија да ја зајакнат соработката во енергетскиот сектор

23.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саудиска Арабија и Индија се договорија да ја зајакнат соработката во енергетскиот сектор

Саудиска Арабија е најголемиот извозник на нафта во светот, додека Индија е трет најголем потрошувач и увозник на суровина.

Индискиот премиер Нарендра Моди ја посети Саудиска Арабија на покана на престолонаследникот Мохамед бин Салман ал Сауд.

Сепак, дводневната посета на Моди на кралството заврши порано од планираното поради терористичкиот напад во Пахалгам, Кашмир, во кој загинаа 26 лица. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата